Пендаровски: Бугарите ја сменија реториката поради странците

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски смета дека отворањето на Уставот за да се вметнат Бугарите нема да го реши спорот со Софија.

-И да се решиме да го отвориме Уставот, нема да се реши проблемот. Секое отворање на Уставот секогаш е пандорина кутија. И да решиме, не е тоа проблемот. Бугарија го спори до скоро нашиот идентитет, нацијата и јазикот. До 1944 не биле Македонци, и тоа го знаеме. Тоа е јадрото на бугарското барање – рече Пендаровски на ТВ 21.

Тој појасни дека Бугарија ја сменила реториката кон Македонија откако увидела дека не и поминува кај меѓународната заедница.

-Не постои лидер кој не ме прашал за бугарското барање. Јас почнувам да зборувам за Гоце Делчев и за историското ВМРО… и тие ми велат дека не знаат што зборувам. И тоа барање сакаш да го продадеш на некој Германец, и тоа не оди. Затоа во последните месец, два, три се менува реториката и се зборува за дискриминација на Бугарите – рече Пендаровски.

Тој откри како се обидел да му го привлече вниманието на американскиот претседател Џо Бајден:

„Јас му пристапив со една речница: Јас сум претседател на државата која единствена во Светот го смени своето име за да влезе во НАТО. Вели дека го почитуваат тој факт. Ме праша како се одвиваат работите кај нас во регионот. Му споменав дека ЕУ и САД не се доволни присутни во регионот, и поради тоа други екстра регионални сили го потполнуваат тој стратешки вакуум“.

Поврзани новости