Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше обраќањето по повод Денот на Армијата.
-Немаше да биде возможно без напорите и професионалниот однос на сите припадници на Армијата, без луѓето кои секогаш се движечката, главната сила на интегративниот процес. Нашето члентво е резултат на темелните одбранбени реформи, личната посветеност на храбрите мажи и жени во нашите вооружени сили и нивното учество во мировните мисии во светот. Во остварувањето на нашата стратешка цел, секогаш ја имавме и конзистентната поддршка од државите – членки. Меѓу нив, посебно место има поддршката од Соединетите Американски Држави, од нашата независност до денес, кажа претседателот.
Шефот на државата посочи дека членството во НАТО е привилегија, но и обврска.
-Огранизираниот криминал и високата корупција кои за жал се дел од нашето секојдневие, ја нарушуваат довербата на граѓаните во институции и надежта за пристоен живот. Најважна обврска на нашата политичка генерација е воспоставување систем за ефикасно справување со криминалот и корупцијата. Длабоко сум убеден дека нашето политичко наследство ќе зависи најмногу од успехот во остварувањето на оваа задача, рече Пендаровски.
Претседателот порача истакна и доколку политичката власт се користи за личното, а не за јавното добро, таквата држава нема перспектива.
-Без доверба во институциите ја ризикуваме и нашата национална безбедност. Ниската репутација и разочараноста на граѓаните од политиката и од нас политичарите, креираат идеален амбиент за новите начини на поткопување на стабилноста и безбедноста како што се хибридните закани. Најдобриот начин за борба против дезинформациите, лажните вести и останатите хибридни закани е токму високата доверба на граѓаните во демократските институции, а таа доверба се заслужува само преку одговорна политика и бескомпримисна борба со оние кои ги кршат законите, независно од нивната функција и моќ, истакна Пендаровски.