Пендаровски бара разрешување на Додовска, го предлага Спасов за нов член

by fokus

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Како што наведуваат во соопштението, Кабинетот на претседателот на Република Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

Поврзани новости