Пендаровски бара казни за организаторите на вчерашните јавни собири во Тетово и Чаир за игнорирање на симболите на државата

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски во реакцијата по завчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти бара организаторите на јавните собири во Тетово и Чаир законски да бидат санкцонирани за употребата на државното знаме, химна и знамињата и симболите на заедниците и за игнорирање на симболите на државата.

„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава“, стои во реакцијата на претседателот Пендаровски.

Претседателот ги повика надлежните во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки.

„Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

 

Поврзани новости