313
Присуството на петте илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека српско-косовската криза нема да се прелее во другите земји од регионот, смета македонскиот претседател Стево Пендаровски.
-Ако немаше пет илјади војници на НАТО при последните конфликти и тензии на северно Косово, а и претходно имаше такви ситуации, конфликтот ќе се прелееше и ќе имаше прво директна конфронтација меѓу српската и косовската армија и полиција, а потоа и околината ќе беше зафатена, изјави Пендаровски за МРТ.
Тој додаде дека е добро што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на Алијансата бидејќи, како што вели, така може да се спречи директрна конфронтација на српската и косовската војска.