676
Вчера Кривичен суд одговори позитивно на обвинението за Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски за случувањата на 27 април, 2017 во Собранието.
Аналитичарот Тодор Пендаров, во вчерашното гостување на ТВ 24 порача дека ваквата ситуација е темпирана да биде во функција на предизборието.
„Сето ова личи демек „еве ние расчистуваме со криминалот на високи функционери“. Ние веќе имавме таков случај со професорот Бучковски. Ги судеа само кога на ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже дека „еве ние расчистуваме“. Сега имаме ист пример“, истакна Пендаров.