Пелоси во Киев: Вашата борба е борба за сите

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од посетата на Киев на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси.

– Тука сме во посета за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата, истакна Пелоси.

Зеленски наведе дека САД се лидер во силната поддршка во борбата на Украина против руската агресија.

– Ви благодариме што помагате во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја, посочи Зеленски.

Поврзани новости