Пелоси: Трамп мора да биде отповикан, тој е опасност за нацијата која сите ја сакаме

by fokus

Претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси денеска оцени дека претседателот Доналд Трамп мора да биде отповикан, бидејќи претставува очигледна закана по националната безбедност.

– Мора да замине. Тој е јасна опасност за нацијата која сите ја сакаме, рече Пелоси, со чиј говор почна двочасовната расправа за амандманот за отповикување на Трамп.

Пелоси, исто така, се заблагодари на единиците на Националната гарда, кои денеска го чуваат Капитол од потенцијални напади додека пратениците гласаат за импичмент на Трамп.

Поврзани новости