64
Обвинителот Трајче Пеливанов, кој беше дел и од СЈО, денеска од Советот на јавните обвинители е избран за виш скопски обвинител.
Место во Вишото обвинителство доби и обвинителката Наташа Сарамандова.
Во трка за двете места беа 16 кандидати, а довербата од членовите на советот ја добија Пеливанов, кој доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Сарамандова, од скопското обвинителство.
Пред гласањето, дел од членовите на советот истакнаа дека сите од пријавените заслужувале да добијат унапредување во Вишото обвинителство, и само нијанси од нивните досегашни кариери ќе бидат одлучувачки при изборот.