551
Во вторник и среда се очекуваат температури над 40 степени целзиусови, информираат од УХМР.
Од таму тврдат дека, утре попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст.
Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу пет степени се очекува во четврток и петок.