Пекинг воведува карантин поради вториот бран на коронавирусот

by Fokus

Пекинг повторно воведува строги рестриктивни мерки поради новиот бран на коронавирусот, а властите апелираат до граѓаните да не ги напуштат своите домови, пренесува весникот „Саут Чајна морнинг пост “.

Весникот наведува дека сите основни и средни училишта во градот ќе бидат затворени, а учениците ќе продолжат со настава од дома. Универзитетите, исто така, се затвораат, како и сите забавни и спортски објекти.

Ситуацијата со вирусот во градот се оценува за „сериозна“.

-Властите на кинеската престолнина апелираат до граѓаните да не го напуштат градот, но дека во случај на итна потреба, тие мора да приложат потврда дека не се заразени, изјави заменик секретарот на Владата на Пекинг, Чен Беи. Според него, тестот не смее да биде постар од седум дена.

Пред неколку дена на еден од најголемите пазари во градот беше откриено ново жариште на коронавирусот. Претставник на главниот град изјави дека сите новооткриени носители на коронавирусот го посетиле кванташкиот пазар, а претставниците на округот Фенгтаи кажа дека заради претпазливост, целосно изолирале 11 населби околу пазарот.

Во Пекинг вчера беа регистрирани нови 27 заразени со Ковид 19, по два месеца кога немаше ниту еден случај на заболување.  Од 11 јуни, вкупно 106 заразени пациенти се наоѓаат во болниците низ градот, во целосна изолација.

Поврзани новости