Пекинг испрати јуришни пушки во Русија

by Fokus

„Политико“ дојде до документи кои за првпат докажуваат дека Пекинг испратил оружје и воена опрема во Русија.

Кинеските компании, вклучително и една директно поврзана со владата во Пекинг, испратија 1.000 пушки, делови за беспилотни летала и повеќе од 12 тони панцири до руските субјекти, според трговските и царинските податоци добиени од „Политико“ и обезбедени од „ImportGenius“.

Испораките се извршени помеѓу јуни и декември 2022 година, покажуваат податоците, пренесува N1.

Така, во јуни 2022 година, China North Industries Group Corporation Limited, една од најголемите државни компании кои се занимаваат со производство на воена опрема, испрати пушки на руската компанија Tekhkrim.

Таа компанија, пак, работи со руската армија. Пушките CQ-A, кои биле дел од пакетот, биле направени по моделот на американските автомати М16, а во овој случај биле регистрирани како „цивилни ловечки пушки“.

Податоците покажуваат и дека воена опрема и била испорачана на Русија преку Турција, на крајот на 2022 година.

Ова е прва ваква потврда дека Кина испраќа пушки и воена опрема на руски компании, како и дека дронови и делови за дронови сè уште се испраќаат во Москва, и покрај ветувањата на кинеските компании дека ќе ги прекинат операциите во Русија и Украина.

Експерти за „Политико“ објаснуваат дека е исклучително тешко да се открие дали предметите, односно технологијата, испорачани од Кина до руските купувачи, се планира да се користат за воени цели, т.е. во војната со Украина.

Пекинг продолжува да негира дека ја поддржува Русија во Украина.

Поврзани новости