540
Жителка на Демир Хисар тешко била повреден синоќа откако ја чистела пресата за сечење тесто и веднаш била префрлена во Клинички центар.
„Синоќа во 23:15 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот „Киро Глигоров“ во пекара А.Р.(36) од Демир Хисар, додека ја чистела пресата за сечење тесто се здобила со повреди на десната рака. А.Р. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди“, велат од МВР.