„Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора“ велат за МИА претставници од пекарската индустрија. Велат дека засега нема промена на ваквата одлука.
Државниот пазарен инспекторат е на терен, врши интензивни контроли – дали се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.
„Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката“ – велат од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.
Државниот пазарен инспекторат со сите капацитети е на терен, врши контроли на почитувањето на владината одлука.
Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари.