Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005.
Овој сертификат се однесува на: прием, складирање и дистрибуција на прехрамбени производи, како и на производство на ферментирани трајни и термички обработени колбаси, трајни и полутрајни сувомеснати производи, сланина, конзерви од месо во парчиња и стерилизирани конзерви.
Според Слободан Кутревски, Прв Извршен директор на компанијата, ова е уште една потврда дека Пекабеско ги исполнува сите стандарди во производството и дистрибуцијата на прехрамбени производи.
„Сите производи на Пекабеско се со врвен квалитет и една од нашите најголеми заложби кои ги реализираме е постојаното унапредување и вложување во процесот на производство и безбедност на храната. Потрошувачите тоа го препознаваат и токму тоа е причината за постојаниот раст на продажбата на нашите производи“, изјави Кутревски.
Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа TÜV NORD CERT.
Во 2008 година Пекабеско го имплементираше HACCP стандардот, а во 2009 година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието Superbrands.