1.2K
Актуелната директорка на скопската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Софија Пејкова донесе одлука да се повлече од советничката функција во Град Скопје, потврди таа во изјава за „Фокус“.
„Да. Се повлекувам од Советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман на Клиниката за пластична хиругија и на Медицинскиот факултет во Скопје“, истакна Пејкова за „Фокус“.
Таа речиси четири години управува со Клиниката, откако ја замени нејзината претходничка доктор Смиља Туџарова, која доаѓаше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
И.М.
Фото: Женски магазин