Битолскиот поп пејач Виктор Апостоловски (33), кој стана познат во јавноста по учеството во музичкото шоу Македонски идол, се вработи во Вистел- Вистинска телевизја, односно медиумот на владиката Петар.
Телевизјата емитува целодневна прогрмама во Скопје и околината, а исто така може да се следи насекаде во живо преку линкот кој е објавен на веб страницата на истата.
Забавно- едукативната емисија чиј водител, автор и уредник е Виктор, е насловена ,,Кој те праша?!” и во неа пејачот обработува актуелни теми на забавен начин.
Инаку, телевизјата започна со работа лани, на први мај и е во сопственост на фирмата ,,Преобразба ДООЕЛ Скопје”, чиј пак основач е Петар Каровски, односно митрополитот Петар.
Неколку дена пред да стартува со работа телевизијата, ,,Фокус” разговараше со митрополитот Петар кој најави дека ќе има поразлична програма од сите други телевизии, но одби да одговори на прашањата од каде и како ќе се финансира телевизијата.
Вистел емитува вести, образовно-информативна програма, играни серии, како и музичка програма.
Главен и одговорен уредник е битолчанецот Благој Шаклевски, а во импресумот, единствено неговото име фигурира како вработен во телевизијата.
На веб страницата на телевизијата нема тековни реклами, а во делот на маркетингот е објавен ценовник за платено политичко рекламирање за Парламентарните и Претседателски избори од 2024 година, каде цените на рекламите се движеле од четири до 25 евра, во зависност од позиција и димензија.
Вики Клинчарова