1.2K
Битолскиот поп пејач и виолинист Димитар Андоновски е еден од кандидатите за членови на Совет на Општина Битола, кој се најде на објавената листа од страна на СДСМ.
На листата има 31 кандидат, а Андоновски се наоѓа на 21-то место. Музичарот е присутен на сцената со години наназад. Уште како дете, настапи на фестивалот Си-До, а од 2003 година започна со учества и на останатите музички фестивали во земјава.
Пошироката јавност го запозна кога беше учесник во тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција.
-Најдоброто за нашата Општина Битола, објави тој на социјалните мрежи, споделувајќи ја листата со кандидати за советници на СДСМ за Локалните избори 2021, за Општина Битола, на која стои и неговото име.
Вики Клинчарова