223
Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска.
Тажната вест ја потврдија од неговото семејство.
Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица.
Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот.
Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ соопштиле дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.
Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. двајцата од Скопје.
Исмани починал 45 минути по полноќ.