Пехчевски со порака: Кој одлучува во државава кој да живее, а кој не?

by Fokus

„Кој во оваа држава се осмелува да одлучи кој да живее, а кој не. Бараме „Трикафта“ (Кафтрио) ВЕДНАШ И СЕГА, еднакво за секого“.

Ова е пораката што во раце ја држи пациентот кој има цистична фиброза – Игор Пехчевски.

Тој на Фејсбук порачува „Не можеме повеќе да живееме со ова, во 21 век се молиме да им биде достапен лек на СИТЕ пациенти кои страдаат од ретката болест Цистична фиброза, од која зависи нашиот живот“

Пехчевски повикува „придружете ни се во нашата борба и да ни го дадете здивот кој го заслужуваме, т.е. лекот ТРИКАФТА (КАФТРИО) кој за нас значи ЖИВОТ.
Она што го бараме е еднаков, недискриминаторски третман. Право на ЛЕК и право на ЖИВОТ“.

Поврзани новости