„Господа од ВЛАСТА дали би дозволиле да се прави сето тоа на ВАШИТЕ деца, што Вие на нас ни го правите? Да сме на ВАШЕ место и да ги држиме во НЕИЗВЕСНОСТ со ГОДИНИ и со МЕСЕЦИ“ упати прашање до Владата, до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии пациентот кој боледува од цистична фиброза – Игор Пехчевски.
„Дали сте свеснии колку е ЖАЛНО и БОЛНО да ги држите болни луѓе во НЕИЗВЕСНОСТ за лек од кој ЖИВОТОТ им зависи?“ – прашува тој на Фејсбук.
„До кога оваа БИРОКРАТИЈА ќе трае? До кога нас и нашите семејства ќе не држите во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ? До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со ЗДРАВЈЕТО. НЕ МОЖЕ и НЕДОЗВОЛИВО е да ни ги УСКРАТУВАТЕ лековите кои ни се со УСТАВ загарантирани и од кој зависии нашиот ЖИВОТ нашата ИДНИНА“ прашува Пехчевски.
Тој потенцира – „Го бараме лекот ТРИКАФТА (KAFTRIO) ВЕДНАШ“.