Пеѓа Меденица, Џенан Лончаревиќ и Тропико Бенд се регионалните музички гости кои доаѓаат во Скопје по десет дена.
Станува збор за настанот „Skopje Beer Weekend“ кој ќе се одржи од 13-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк Скопје.
Манифестацијата во организација на Евент Груп е посветена на пивото и добрата храна, а покрај гостите од регионот, најавени се и повеќе домашни изведувачи.
Како што информираат од организацијата, во петок, првата вечер од манифестацијата, ќе настапат Тропико Бенд, ДНК и Андријана Петрушовска.
Во сабота, музички гости ќе бидат Пеѓа Меденица, Суперхикс и Бојана Скендеровски, а пак последната вечер, во недела, настанот ќе биде затворен со концертите на Џенан Лончаревиќ, Миле Кузмановски и Наум Петрески.
Првото издание на „Skopje Beer Weekend“ се одржа лани, а музички гости беа Ален Исламовиќ, Амадеус Бенд, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Бени и Нон Стоп, Дац и Александар и други.
Вики Клинчарова