Во вторник, 05 декември, во Куманово доаѓа Пеѓа Бајовиќ, еден од првите стенд ап комичари во регионот со претставата „Мушкарац”.
Настанот ќе се одржи во Куманово Спа, со почеток од 20 часот, а од организацијата ветуваат целовечерен врвен хумор.
-Ова е настан кој не треба да го пропуштите. Новата претстава „Мушкарац”, многу изненадувања, храна, пијалок и забава! Без гужви и турканици, вратите ги отвораме во 20 часот, а штом убаво ќе ве сместиме, почнуваме. За да ја разбудиме предновогодишната магија, влезот е бесплатен, но потребна е резервација, бидејќи бројот на посетители е ограничен. Добротвор е тој кој ќе ве насмее – истакнаа од организацијата на настанот.
Предвидени се повеќе гостувања на Пеѓа периодов низ земјава, како дел од неговата македонска турнеја. Следните дестинации и датуми на „Мушкарац” дополнително ќе бидат објавени.
Вики Клинчарова