Пеејќи роденденска песна Рама клекна на колена пред Мелони во Абу Даби

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Абу Даби ѝ го честита 48. роденден на својата италијанска колешка Џорџа Мелони клекнувајќи на колена пред неа и пеејќи ѝ роденденска песна.

Потоа ѝ даде подарок – марама. Мелони го прегрна и му се заблагодари на изненадувањето.

Настанот се случи на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби, каде што двајцата премиери деновиве присуствуваат.

На видеото објавено на социјалната мрежа Икс се гледа како Рама ја пресретнува Мелони, клекнува на колена, а потоа на италијански јазик ја пее популарната песна „Tanti Auguri“ или „Среќен роденден“.

Поврзани новости