Педро Санчез повторно избран за премиер на Шпанија

by Fokus

Шпанскиот премиер Педро Санчез доби нов четиригодишен мандат во парламентот, ставајќи крај на четиримесечниот политички ќорсокак во Мадрид. Тој го освои мнозинството гласови во парламентот од 350 места.

Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската влада го поддржаa 179 пратеници, а 171 бea против, пренесува шпански „Паис“. Немаше воздржани.

Во негова корист гласаа сите седум пратеници од каталонската сепаратистичка партија Јунтс, од која зависeше дали Санчез ќе биде премиер или Шпанија ќе оди на нови избори.

Тоа го направи и претставник на Канарската коалиција, кој минатиот месец гласаше за лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феих, кој не успеа да формира влада.

Санчез беше поддржан од левичарските и регионалните партии на Каталонија, Баскија и Галиција. Против неговиот избор беа 171 претставник на десничарските партии, Народната партија и Вокс.

Се очекува Санчез утре да положи заклетва пред шпанскиот крал Фелипе Шести и да ја помине неделата формирајќи го својот нов кабинет, втората шпанска коалициска влада од 1930-тите.

Поврзани новости