Професор по физичко образование во школо во Сараево е вратен на работа иако е осуден на една година затвор за кривично дело блуд.
Како што пишува Кликс, С.А. бил прогласен за виновен со првостепена пресуда во 2018 година, откако беше обвинет дека две години претходно разменувал пораки и фотографии со една ученичка.
Случајот го пријавиле нејзините родители, по што тој бил приведен.
По првостепената пресуда, Обвинителството не предложило никакви мерки, па можел непречено да работи како професор додека ја чека правосилната пресуда.
По правосилната пресуда во ноември минатата година за една година затвор, како и една година забрана за работа како наставник, С.А. ништо не го спречило уредно да ја плати затворската казна и со тоа да биде ослободен без да оди зад решетки, а потоа да се врати на работа бидејќи законот не го спречува во тоа.