Цела Србија е на нозе и го бара педофилот кој грабна 12-годишно девојче во близина на Ниш. Полицијата од вчера го бара осудениот силувач Нинослав Јовановиќ, познат и како „малчански бербер“, кој е осомничен за киднапирање на 12-годишната Моника.
Покрај 220 полицајци, во потрагата се вклучени хеликоптерски единици и трагачи на кучиња, а се користени и термовизиски камери.
Прекарот „малчански бербер“ го добил бидејќи ги потстрижил сите свои жртви, а пред судот признал дека потстрижувањето девојчиња го возбудува. Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал 12-годишно девојче. Двете претходно ги потстрижил, а едната ја силувал. Повторно завршил во затвор, од каде што излегол минатата година.