210
Возач со „опел астра“ го прегазил пешакот на магистралниот пат Штип – Кочани.
-Денеска (21.09.2024) во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Тркање, патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, кочански, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, кочанско, соопшти МВР.
Од здобиените пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт.
Авто мото сојузот на Македонија информираше дека од 10:40 часот е нормализиран сообраќајот на патот кој беше затворен.