810
Педесет и петгодишен велешанец силувал осум години постара сосетка во нејзиниот дом. Велешкото обвинителство отвори истрага против него, а судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор.
Осомничениот, според обвинителството, ја силувал жената два пати. Пред три дена околу 22 часот се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако жената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и ја силувал. Следниот ден, околу 11.30 часот го повторил делото.
Мерката притвор му е одредена поради опасност од повторување на делото.