Педесет и двегодишна тетовчанка е жената која дури трипати се заразила од Ковид 19

by Fokus

Педесет и двегодишна тетовчанка е лицето, кое се најде во извештајот на Институтот за јавно здравје, која дури трипати се заразила од опасниот вирус Ковид 19, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, тетовчанката прв позитивен тест на корона вирусот добила на 25 јули, лани и  во тој период не била хоспитализирана во болница. По првото заразување, единствениот симптом кој го имала била главоболка. Нашите извори тврдат дека само неколку месеци подоцна, поточно на 6 декември, истата година таа по вторпат се заразила од Ковид 19 и повторно не била болнички третирана.

Но, тука не завршува приказната. Педесет и двегодишната жена се заразува дури по третпат од опасниот вирус на 19 јули, 2021 година. Нашите информации уште кажуваат дека таа била вакцинира со две дози од кинеската вакцина синофарм, а од коморбидети имала хронична бубрежна болест и висок притисок.

Сепак, и покрај сите три заразувања со Ковид 19, таа оздравела, но е единствената жена која досега дури трипати бил носител на опасниот вирус.

Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје се наведува дека за време на целата ковид пандемија регистрирани се вкупно 522 граѓани кои и по вторпат се заразиле, заклучно со 19 септември, Од пријавените случаи на реинфекција, 5 починале.

Ирена Мулачка

Поврзани новости