Партијата ПДП во соопштение за медиумите вели за време на емитувањето на прислушкуваните снимки од таканаречените “бомби“ на Заев “една личност редовен протагонист“ во бомбите, скоро секогаш се изразувала со многу прост и навредлив вокабулар кој во никоја прилика не би требало да личи на вокабулар на еден министер, а станувало збор за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Партијата за Демократски Просперитет е згрозена од “уличарскиот“ речник на министерката Јанкулоска која што во разговорите со нејзини соработници ширела идеи за етничка супериорност над друг етникум и поттикнувала на етничка дискриминација, а ги изложувала на подбив припадниците на заедниците и сето тоа се кривични дела.
– Од емитуваните снимки на наводно нејзините разговори, Јанкуловска употребува пежоративни називи за Албанците нарекувајќи ги секогаш “шиптари“ кои “ќе ги фати за врат“ и за Ромите кои ги нарекува пежоративно “цигани’ а кои “за уши Циган по Циган ќе ги вади“…, се вели во соопштението на ПДП.
ПДП смета и бара обвинителот Марко Зврлевски, согласно сугестиите на претставниците на ЕУ и САД како и со изразената готовност на премиерот Груевски дека тој нема ништо против да се процесуираат сите материјали кои се дел од прислушкуваните разговори, и против министерката Јанкуловска по службена должност да покрене кривична постапка за омаловажување, навреда и дискриминација по етничка основа, употреба на антиуставни категории за етничките заедници и закани за употреба на физичка сила.
ПДП смета дека од етички и морални причини Гордана Јанкуловска со тој уличен вокабулар кој не личи на образован граѓанин а најмалку на еден министер требаше одамна самата даде оставка од функцијата, без да чека момент премиерот да го разреши.