Пазарна нема да ги казнува граѓаните туку угостителите

by Fokus

Од понеделник стапуваат на сила мерките кои ги донесе владата на почетокот на оваа недела, според кои за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола на приложување доказ за имунизација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 лица, за било каков настан и целосна забрана за одржување на настани во затворениот дел на објектите.

Од Пазарниот инспекторат за Канал 5 велат дека граѓаните нема да бидат казнувани, затоа што тоа е работа на МВР и тие немаат такво овластување. Според нив пазарниот инспекторат има надлежност да го казни само физичкото лице кое е сопственик на угостителски објект, а не и граѓаните кои ќе бидат затекнати во истиот.

Казните се движат од 250 евра до 30.000 евра.

Поврзани новости