Пазарен инспекторат затвори 2 маркети

by Фокус

Од страна на Пазарниот инспекторат издадени се две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.

„Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите)“, вели Трајковски.

Директорот на ДПИ во својата објава порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.

Поврзани новости