Пазарен инспекторат ги контролира замрзнатите цени на зеленчукот и овошјето, денеска две прекршувања

by Fokus

Инспекторите од Државен пазарен инспекторат (ДПИ) денеска контролираа субјекти на цела територија на државата по Одлуката за замрзнување на цената на овошјето и зеленчукот во кои се опфатени:

– свежи домати,
– свежи краставици,
– кромид,
– карфиол,
– свежи зелени пиперки,
– грав,
– леќа,
– банани,
– портокали,
– мандарини и
– лимони.

Според извештајот од ДПИ, биле извршени над 250 контроли и надзори, а се забележани се само 2 прекршувања по што ќе бидат издадени соодветни прекршочни платни налози.

Поврзани новости