Павловска Данева со пораки: Пркосот и критиката не се казнуваат, одговорноста не се сокрива

by fokus

Професорката Ана Павловска Данева и поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и поранешен висок функционер на партијата испрати неколку пораки на својот Фејсбук профил по вчерашните локални избори на кои опозицијата во прв круг освои повеќе општини отколку ВМРО-ДПМНЕ.

-Наравоучение:
1. Нов бунар копај, во стариот не плукај!
2. Пркосот и критиката не се казнуваат, се анализираат причините за нивна појава!
3. Не смее да постои начин, причина или аргумент за менување на националната историја на еден народ!
4. Политичка одговорност кога постои мора да се прифати, таа не се сокрива и игнорира!
5. Реформи не се спроведуваат насилно и ad hoc!
6. Се почитува туѓото мислење и кога е различно од сопственото!
7. Лошата реалност е подобра од лажните ветувања!.., се вели во обкаватана Павловска Данева.

Поврзани новости