Околу четири часа траеше распитот на Катица Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.
Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева.
Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата.
Нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање Павлески се обврзал да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.
Таа додаде дека засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека таа не може да се прошири на други лица.