Павле Витанов победи на регионално музичко шоу: Струмица е расадник за музички таленти!

by Fokus

Струмичанецот Павле Витанов синоќа ја израдува нацијата со победата на регионалното музичко шоу ,,Никогаш не е доцна”, каде го освои првото место според гласови од публика на Фејсбук.

За него гласале 44.604 гледачи на популарното шоу, кое се емитуваше во повеќе поранешни југословенски републики.

Ова е втор голем музички успех за струмичани, откако минатата недела младата Славица Ангелова победи на регионалното шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.

Во тек на емитувањето на двата натпревари, струмичани сложно ги бодреа своите кандидати на социјалните мрежи и им даваа огромна поддршка.

Радоста поради успесите не ја кријат, и чести се коментарите дека Струмица е место од каде произлегле голем бро познати музички имиња. Гоце Арнаудов, Сузана Гавазова, Ленче и Горан Кукиќ, Васил Атанасов, Васил Гарванлиев, Перо Христов, Зоран Џорлев, Мите Стоилков,  се дел од музичарите по потекло од Струмица.

И познатиот хрватски пејач Владо Калембер бил роден во Струмица, а тоа го откри во интервју за ,,Фокус” од пред неколку години, а потоа, додека уште бил дете со родителите се преселил во Загреб.

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости