Околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци, вели лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Тој во изјава за „Фокус“ се наврати на почетокот на носењето на Законот за попис, кога ВМРО-ДПМНЕ ја спореше методологијата и бараше одложување на статистичката операција.
Трајанов вели дека ВМРО-ДПМНЕ праќале сигнали до дисјаспората да не се попишат и дека од неговата партија имале информации дека голем дел од граѓаните не го направиле тоа по инструкции на сопствената партија.
Официјално само „Левица“ беше за бојкот на пописот, а ВМРО-ДПМНЕ официјално не повикуваше на бојкот, но според она што го кажува Трајанов, ВМРО сепак праќале сигнали до членството особено до дијапсората да не се попише.
Трајанов порачува дека најголема одговорност за непопишаните имаат партиите и токму тие треба да одговараат за ова.
Според анализите на неговата партија, ако 90 отсто од непопишаните се Македонци, тогаш процентот на Албанците би бил 20 отсто.