Поранешниот пратеник Павле Богоевски заедно со својата сопруга, штипјанката д-р Александра Михаилова се пофали со фотографии од медениот месец во Маврициус, егзотичен остров во Индискиот Океан, кој поради водата во тиркизна боја, песочните плажи, планините, водопадите и тропската клима е познат како Туристичкиот скапоцен камен на Африка.
Богоевски објави фотографии на кои се гледа како го минуваат времето на островот со сопругата, со која правеа свадба минатиот месец.
Пред тоа, беа во врска околу пет години, а минатата година Павле ја запроси Александра на хрватскиот остров Хвар, во романтична атмосфера.
Островот каде парот решил да го помине медениот месец е популарна туристичка дестинација, каде најчесто доаѓаат посетители од Франција, Германија и Велика Британија.
Поради тропската клима, во зима температурата се движи околу 25 степени, па туристичката сезона владее во тек на цела година.
Туристите од Македонија најчесто одат во Маврициус преку Истанбул, Турција, од каде имаат директен лет, кој трае околу девет часа.
Во наши туристички агенции патување до островот со авионски превоз и седум ноќевања со полупансион се нуди по цени од околу 1.300 евра за лице.
Вики Клинчарова