921
Пратеникот Павле Богоевски поднесе оставка по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негово блиско лице, кое боледува.
„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“ – рече Богоевски.
Тој денеска соопшти дека оставката ќе стапи во ефект по гласањето на пленарната седница за мандатот на Никола Груевски.
Маја Васева