Пауновски се враќа во УЈП во Тетово, со Заев немал конфликт туку со шефот на Кабинет на Груби

by fokus

Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски од директорското место се враќа во Управата за јавни приходи, дирекција Тетово. Пауновски за Фокус само потврди дека се враќа на старата позиција, но не сакаше да даде друг коментар по веста дека Владата донела одлука да го разреши.

Претходно во изјава за Телма, Пауновски изјави дека ваквата одлука за него била очекувана и откри дека имал конфликт со шефот на Кабинет на првиот вицепремиер, Артан Груби.

-Можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вицепремиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања, изјави за Телма, Пауновски.

Премиерот, Зоран Заев деновиве најави дека Пауновски ќе биде разрешен поради „пркосот“ и одбивањето да стави потпис на 35-те рамковни вработени и да не почитува хиерархија.

Пауновски до последно остана на ставот дека нема да ги потпише решенијата за вработувањата кои ги доби од Министерството за политички систем од кај Груби. Според него на Државниот пазарен инспекторат не му требаат административци, туку инспектори и дека нема да стави потпис на решенијата и по цена да биде разрешен.

Разрешен директорот Стојко Пауновски

 

Поврзани новости