Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, на денешаната прес конференција истакна дека поголемиот број на угостители и трговци ги почитуваат мерките, но дека има и одреден број на угостители кои го нарушуваале текот на работата, поради што биле поднесени 28 кривични пријави и 38 прекршочни пријави, а биле утврдени и 47 нерегистрирани даночни обврзници.
-Апелирам на сите да ги остават инспекторите ревносно да си ја вршат работата. Да не ги вплеткуваат во политички игри, со обвинување дека ние сме во рацете на власта. Апелот е до сите, оставете ги инспекторите да си ја вршат работа, истакна директорот.
На прашање зашто инспекторите извршиле контрола баш во локалот во кој бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, директорот рече:
-Инспекторите се секојдневно на терен. Имаат наредба во сите тераси на угостителските објекти да проверат дали се спроведуваат протеколите. На лице место кога биле, имаат обврска да извршат контрола и во затворениот простор. Кога побарале да влезат биле спречени да извршат контрола. Тогаш им станало сомнително дека имале луѓе и инсистирале да влезат. На испомош дошле уште двајца инспектори. По два часа кога не отвориле, бил повикан и раководителот. Било рутинска контрола, ниту знаеле, ниту имале намера, ниту очекувале дека ќе излезе она што отпосле испадна, рече директорот.