Не може да се забранaт прослави, но прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките, порачува претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски
– Патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година доколку е одговорна, може да се направи во било кој дел на државата. Повторувам, доколку е одговорно прославувањето, со почитување на мерките и во домашни услови со луѓе кои ги познавате и луѓе кои со сигурност ги почитувале мерките за носење маска и држење на дистанца во периодот пред прославата. Не е добро да се групираат луѓе. Всушност и целта на овие мерки е да се избегне групирање на поголема група на луѓе, истакна Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Караџовски рече дека актуелната состојба со вирусот во моментот е стабилна, но со широко распространета инфекција насекаде во државата.
– Не е во ред оваа моментално подобрена состојба со намалување на 11,4 посто од вкупиот број на позитивни лица во последните 15 дена, да ја расипеме, нагласи Караџовски.