Еден од приоритетите на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје како општествено одговорна компанија е да се грижи за своите клиенти и да обезбеди осигурителни покритија со кои тие добиваат целосна сигурност, но и помош и поддршка секогаш кога таа им е најпотребна.
Така, покрај осигурување од автомобилска одговорност, Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во соработка со ORYX Assistance, обезбеди можност за дополнително покритие за патна асистенција (помош на пат) што вклучува поправка на возилото на пат (мали поправки на лице место), превоз на возило во случај на сообраќајна незгода или дефект, како и алтернативен превоз, употреба на заменско возило или хотелско сместување.
Патната асистенција како услуга овозможува користење на услугите на техничка помош на пат во случај на сообраќајна несреќа, дефект на возилото, невнимателно ракување или надворешно влијание, во државата или на територија на Европа.
Повеќе информации за поволностите на патната асистенција и Општите услови за користењето на патната асистенција ќе најдете на следните линкови: Помош на пат за Македонија и
Помош на пат за Европа.
Воедно, за дополнителни прашања и информации можете да се јавите во контакт центарот на Винер, на бројот 15999, или во некоја од филијалите во градовите низ земјата.
Отсега патувајте безгрижно, со дополнителните осигурителни пакети за Патна асистенција од Винер – Виена Иншуренс АД Скопје.