„Пациентот повреден при падот на настрешницата во Нови Сад е во тешка, но стабилна состојба“, соопштија од ВМА

by Fokus

Пациентот В.Ц.(18), кој беше повреден при пад на настрешницата во Нови Сад на 1 ноември минатата година, се уште е во тешка, но стабилна состојба, соопшти денеска Воено медицинската академија(ВМА) во Белград.

Пациентот е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и интензивна терапија на ВМА.

„Општата состојба на пациентот е стабилна, но сериозна и непроменета во однос на денот на прием во ВМА. Пациентот секојдневно го прегледува совет, врз основа на кој се спроведуваат мерки за лекување“, стои на веб-страницата на таа здравствена установа.

Пациентот е примен на ВМА по лекување во Универзитетскиот клинички центар во Војводина.

Со поддршка на Министерството за здравство се обезбедени сите потребни лекови за лекување на пациентите, а кога ќе дозволи здравствената состојба на пациентите, Србија ќе им го обезбеди целиот протетски материјал како и сета потребна терапија.

Поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 лица, а две лица беа тешко повредени.

Поврзани новости