726
Пациентот Иван, кому му беше трансплантирано срце, заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.
„Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!“, напиша Филипче на фејсбук.