Пациентот кој објави за проблемот со недостиг на „трикафта“ се уште го чека лекот

by Fokus

Игор Пехчевски, кој фотографиран со транспарент во болнички кревет обелодени за проблемот со недостиг на лекот „трикафта“ со кој се лекуваат пациентите со цистична фиброза, се уште не ги добил таблетите кои живот значат. Пехчевски не е меѓу осумте пациенти кои први ќе го примат лекот, што Министерството за здравство конечно го набави.

„СЕ додека не го објавив Транспарентот од болничкиот кревет, многу малку се знаеше што е болеста Цистична фиброза, како медиумите, така и Македонската јавност, а камо ли за лекот ТРИКАФТА.

А сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ❗️😞😢

Ги прашувам надлежните:
Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна❗️“, напиша Пехчевски на својот фејсбук профил.

Поврзани новости