Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман. Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот.
Совети за пациентите во услови на COVID-19
– Пациентите да носат маска и ракавици при влез во просториите на клиниката, а доколку немаат маска и ракавици тие ќе им бидат обезбедени од страна на клиниката.
– Доколку имаат покачена телесна температура, треска и тешкотии при дишењето да не доаѓаат на закажаната контрола, хемотерапија или зрачна терапија на клиниката, туку да се јават кај својот матичен лекар и да го известат за својата состојба.
– Пациентите додека престојуваат во чекалните треба да држат дистанца од најмалку 1,5 метар од другите пациенти кои се во чекалната.
– Пациентите и нивната придружба да не влегуваат во просториите на клиниката без да бидат повикани.
– Да го известат медицинскиот персонал кој е непосредно вклучен во давање на онколошката нега доколку имаат познат случај во нивната непосредна близина кој е позитивен на КОВИД-19.
За потсетување, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија обезбедува и психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања, за која може да се обратите на следните телефонски броеви: