Пациентите со цистична фиброза ќе се вклучат во работна група за изнаоѓање решение за достапност на лекот

by Fokus

Во Министерството за здравство денес беа примени на разговор претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза, информираат оттаму.

„Целта на дискусијата беше запознавање со процесот со кој М3 веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот“ се вели во соопштението од Министерството.

Од МЗ појаснуваат дека „претставници од асоцијацијата, исто така, ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија“.

Поврзани новости