609
Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје соопшти дека пациентите што примаат хемотерапија и имунотерапија во овој период со ширење на коронавирус да продолжат да се јавуваат на редовниот закажан термин, за да ја примат на време соодветната пропишана терапија.
Од Клиниката велат дека е препорачливо таблетарната терапија да ја подигне еден од членовите на семејството на пациентот. Сите термини на пациентите за редовен контролен преглед се одложуваат.
„Доколку пациентите имаат дополнителни прашања може да се јават на бројот на клиниката: 02-314-7900. Дежурните служби на онкологија продолжуваат да функционираат како и до сега“, велиат од Клиниката за радиотерапија и онкологија .